14 April, 2014

Не заборавај да бидеш среќен - Пабло Неруда


Состав: „Не заборавај да бидеш среќен“
Автор: Пабло Неруда

Полека умира оној кој не патува, оној кој не чита, оној кој не слуша музика, оној кој е незадоволен со себе. Полека умира оној кој ја уништива сопствената љубов, оној кој не прифаќа помош.

25 March, 2014

Мечти


Состав: „Мечти“
Автор: непознат 

Со поглед вперен кон месечина Со мисли упатени кон далечина Чувство на осамена Мечта силна, нестварна. Сакам силно, бескрајно, Сакам многу бесконечно, Патувања – откритија Сонувања – мечтите се остварија.

07 March, 2014

Состав за страстта

Состав за Страста
Автор: Непознат 

Распламтената страст е најмоќната движечка сила на твоите соништа. Ние ја изгубивме страста. Не правиме ништо зашто го сакаме тоа. Го правиме зашто мораме, зашто така треба. Не зборувам за романтичната, љубовната страст, иако и таа е основен елемент на успешниот, инспиративен живот.

23 February, 2014

Грижа

Состав: „Грижа“
Извадок од романот: "Калуѓерот што го продаде своето ферари" од Р.Шарма
Грижењето предизвикува одлевање на твојата ментална енергија, исто како што внатрешната гума од велосипед го испушта воздухот. Грижењето ги испушта од тебе мотивацијата, оптимизмот и креативноста, па стануваш исцрпен, изморен.

21 February, 2014

Неколку работи кои треба да ги сфатите во врска со животот


Состав: „Неколку работи кои треба да ги сфатите во врска со животот“
Автор на составот: непознат
-Сфатив ...
За кратко време сфатив дека сите го гледаат нашиот надворешен изглед,а само малкумина 
ни го знаат внатрешниот изглед...
-Сфатив дека ретко
мислиме на она што го имаме,најмногу мислиме на она што ни недостасува... 

20 February, 2014

Ослободи се од старите алишта во шкафовите!



Состав: „Ослободи се од старите алишта во шкафовите!
Автор на составот: Фенг Шуи
Фенг Шуи Кога ги расчистуваме шкафовите, најголем дел од нивната содржина ја враќаме назад, мислејќи :„Пак ќе ми притреба !“ 50% од тие : предмети, алишта, украси ...

Животот е како круг



Состав: „Животот е како круг“
Aвтор на составот: непознат
Животот е круг. Еднаш си горе, еднаш долу.Се нишаш во средината, ама ретко се задржуваш на едно место. Се среќаваш со луѓе кои ти застануваат, ти го попречуваат патот. Сакаат да те прегазат, да те турнат.